4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗагубата на Intesa Sanpaolo изнесува 5,2 милијарди евра

Загубата на Intesa Sanpaolo изнесува 5,2 милијарди евра

intesasanpaolobankd38yhfnd

Италијанската банка „Intesa Sanpaolo“ во четвртиот квартал забележа загуба од 5,2 милијарди евра. Огромната загуба настанала поради големиот отпис на ненаплатливи кредити на име „чистење на деловните книги поради ригорозниот стрес тест“. Загубата е значително зголемена во однос на 83 милиони евра од последниот квартал во 2012 година, наведува банката, пренесува агенција АП.

Чистењето на билансот на состојбата доаѓа во време кога Европската централна банка започнува со преглед на регионалните банки за да ги идентификува слабите точки и да наложи план за решавање на проблемите.

Загубата на „Intesa Sanpaolo“ би била уште поголема ако банката не може да смета на ревалоризација на својот удел во Банката на Италија. Италијанската централна банка во голема мера е во сопственост на италијанките банки, а нејзиниот капитал на крајот на минатата година беше проценет на 7,5 милијарди евра.

„Intesa Sanpaolo“ го претстави својот стратешки план за 2014/2017, според кој планира да оствари годишен нето профит од 4,5 милијарди евра во 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП