5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОрбан: Унгарија е против економските санкции кон Русија

Орбан: Унгарија е против економските санкции кон Русија

orbanprotivsankcii54e64f6e4f6we

Унгарија се противи на фактот Европската унија да наметне економски санкции кон Русија поради нејзината интевенција во Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Русија покрива 80 проценти од потребите на Унгарија за природен гас, а неодамна Москва и Будимпешта потпишаа договор во вредност од 10 милијарди евра за проширување на унгарската нуклеарна електрана Пакс.

Русија исто така е најголемиот трговски партнер на Унгарија надвор од Европската унија, со извоз кој во 2013 година изнесуваше 2,55 милијарди евра.

„Економските санкции се во третиот круг и би било добро да се избегнат бидејќи не се во интерес на Европа, а ушто помалку на Унгарија“, изјави Орбан.

Во текот на минатата недела можеше да се слушнат пораките од пратениците на 11 членки од ЕУ, поранешни комунистички земји, кои дадоа назнаки дека ќе се противат на воведувањето на нова рунда на економски и трговски санкции кон Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП