Економската активност на САД во последниот квартал од 2013 година се зголемила за 2,6 проценти, благодарение на зголемената малопродажба, соопшти Секретаријатот за трговија.
Секретаријатот за кварталот од октомври до декември прогнозираше раст од 2,4 проценти, а растот од 2,6 проценти се објаснува со растот на малопродажбата од 3,3 проценти што е најголемиот раст од 2010 година.
Сепак, растот на американската економија забави во однос на третиот квартал, од јули до септември, кога изнесуваше 4,1 проценти.
Аналитичарите предвидуваат дека растот уште повеќе ќе забави во првиот квартал од оваа година, на околу два проценти, бидејќи силната зима во САД го попречи индустриското производство и трговијата во таа земја.