2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПратениците во Украина го поддржаа антикризниот закон

Пратениците во Украина го поддржаа антикризниот закон

prateniciukrainav54e64g6ewg4we4g

Украинскиот парламент вчера го поддржа антикризниот закон со кој се прифаќаат мерките за штедење кои ги бара Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), како услов за помошта од 14 до 18 милијарди долари.

Пратениците претходно не го поддржаа законот, и покрај апелите на владата, но по расправата повторно гласаа и ги поддржаа мерките за штедење со 246 гласови за и 20 против.

Меѓународниот монетарен фонд ММФ соопшти дека го одобрил стенд бај-аранжманот за Украина во вредност од 14 до 18 милијарди долари.

Украинскиот премиер Арсениј Јаченјук изјави дека економијата на неговата земја ќе ослаби за 10 проценти во 2014 година, доколку не се реализираат мерките за штедење кои се побарани од страна на ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП