2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLevi Strauss & Co укинува 800 работни места

Levi Strauss & Co укинува 800 работни места

Levis111

Американскиот производител на фармерки „Levi Strauss & Co“ има во план во следните 18 месеци да укине околу 800 работни места.

Тоа претставува пет проценти од вкупниот број на вработени (16.000), распоредени во 110 земји ширум светот.

Сите филијали на компанијата во светот (Америка, Азија-Пацифик, а особено Европа), ќе бидат опфатени од оваа значајна мерка на реструктуирање.

Компанијата на крајот на ноември минатата година поседуваше 2.800 продажни објекти ширум светот.

Како што се додава во соопштението, целта на оваа мерка е заштеда од 175 до 200 милиони долари во следните 12 до 18 месеци. Оваа американска групација во минатата година оствари 4.68 милијарди приход (+2,0 проценти), додека нето годишниот профит изнесуваше 229 милиони долари.

Во Европа дојде до пад на продажбата, поради намалувањето на куповната моќ и вкупната потрошувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП