7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОценка на раководителите на претпријатијата за економската состојба

Оценка на раководителите на претпријатијата за економската состојба

menageri22

Економската состојба на деловните субјекти во февруари годинава нивните раководители ја оценуваат како поповолна во однос на февруари 2013, а понеповолна во однос на претходниот месец,објави Државниот завод за статистика.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Оценката за обемот на производството во февруари 2014 година е понеповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработени. Во февруари 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во февруари 2014 година се намалени во однос на јануари 2014 година. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2014 година изнесува 58,9 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во февруари 2014 година имаат недоволната странска побарувачка со 25,7 отсто, недоволната домашна побарувачка со 18,7 отсто, неизвесното економско опкружување со 8,4 отсто и финансиските проблеми со 8,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП