25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во февруари со раст од 4,1 отсто

Индустриското производство во февруари со раст од 4,1 отсто

proizvodstvo industrisko 2334

Индустриското производство во февруари годинава забележа пораст од 4,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство вадење камен во однос на февруари 2013 година, бележи пораст од 3,5 отсто, во преработувачката индустрија бележи пораст од 10 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 21,5 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15,5 отсто и Капитални производи за 39,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергијата за 16,5 отсто, Трајните производи за широка потрошувачка за 7,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП