30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСледната транша помош за Грција ќе биде повисока од вообичаено

Следната транша помош за Грција ќе биде повисока од вообичаено

Athens-Acropolis-Parthenon-Greece

Управниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе се состане во мај за да одобри исплата на следната транша од помошта за Грција, изјави портпаролот на ММФ Вилијам Мареј.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, тој објасни дека се уште нема одредено датум за состанокот и додаде дека Грција би можела да добие повеќе помош од вообичаено.

– Со оглед на тоа што некои од проценките се одолжија, ќе има прераспределба на ратите за Грција.

Претпоставувам дека траншата ќе биде повисока, бидејќи има празнини меѓу проценките, рече Мареј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП