26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовите модели на Алфа Ромео ќе имаат мотори на Ферари?

Новите модели на Алфа Ромео ќе имаат мотори на Ферари?

alfa 45

Групацијата „Фиат-Крајслер“ во последниот обид да ја спаси марката „Алфа Ромео“ ќе ги искористи сите трикови во ракавот, па овие денови се појавија информации дека во најмоќните верзии на идните модели, кои ќе се појават во 2016-та година, ќе имаат мотори од „Ферари“.

Од Фиат претходно најавија дека имаат во план голем број на нови автомобили со заден погон во рамките на брендот „Алфа Ромео“, се со цел да ги предизвикаат конкурентите од групацијата „БМВ“.

Моделите ќе почнат да се појавуваат од 2016-та година, а неименувани извори тврдат дека најмоќните верзии на возилата ќе имаат мотори од „сестринската“ компанија „Ферари“.

„Ова е последна шанса за „Алфа Ромео“. Маркионе влегува во непријатна битка за да ги победи германските ривали, па поради тоа „Алфа Ромео“ мора да биде единствен бренд. Најдобра шанса за тоа се моторите на „Ферари“ и италијанскиот дизајн“, вели Џузепе Берта поранешен член на „Фиат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП