26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија ова лето нема да продава!?

Борусија ова лето нема да продава!?

marko ilkaj

Од таборот на германскиот и европскиот вицешампион порачаа дека немаат намера да продаваат играчи во летниот преоден рок.

Роберт Левандовски, на кој му истекува договорот со Борусија, кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен, а еден од првите луѓе на тимот од Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке тврди дека полскиот напаѓач ќе биде единствениот играч кој ќе го напушти клубот во претстојниот преоден рок.

Интерес има за многумина, пред се за Марко Ројс кој го посакува Манчестер Јунајтед и Илкај Гундоган, кој е на „мета“ на мадридски Реал.

„Со Илкај сакаме да ја продолжиме соработката. Подготвени сме да му понудиме нов договор. Морам да истакнам дека немаме намера да продаваме наши играчи во други клубови“, вели Вацке.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП