10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија не планира да се повлече од СТО

Русија не планира да се повлече од СТО

moskva1

Русија не планира да се повлече од Светската трговска организација – СТО поради актуелното заладување на односите со Западот, изјави рускиот министер за економски развој Алексеј Улјукајев.

„Проценуваме дека не треба да ја намалиме, туку да ја зголемиме активноста во меѓународните организации. Без сомнеж ќе бидеме многу активни во СТО и тоа не само кога станува збор за заштита на нашите производи“, изјави Улјукајев.

Тој потсети дека Русија отвори постојано застапништво во седиштето на СТО во Женева и дека руските експерти учествуваат во работните групи на оваа организација.

Руската Федерација беше примена во СТО во 2011 година, по 18 години преговори, пренесува агенцијата Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП