26 април, 2024
ПочетнаБЕРЗАБерза-неделен преглед

Берза-неделен преглед

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД

(04.02 – 08.02.2013)

 

 

 

Втора недела по ред намалениот промет на Македонската берза придонесува да дојде до намалување на цените на акциите, што пак директно влијаеше врз уште еден пад на вредноста на индексот МБИ-10. Тој неделата ја заврши со намалување од -1,64%, додека индексот МБИД кој минатата недела имаше раст, оваа неделата ја заврши со мал пад од -0,11%. Вкупниот промет на берзата изминатата недела достигна само 26,6 милиони денари во редовното тргување што претставуваше намалување од 33,5% во однос на неделата претходно. Блок трансакции и јавни берзански аукции немаше. Речиси 90% од прометот се реализира во тргување со акции, а 10% со државни обврзници. Ниту една од котираните компании не објави нови финансиски извештаи за 2012 година, а од ценовно чувствителните информации би ја издвоиле онаа на Бетон Скопје за склучени договори за нови градежни потфати во вкупен износ од 633 милиони денари и за револвинг кредит за обртни средства во износ од 25 милиони евра.

Комерцијална банка Скопје и Стопанска банка Битола беа двете убедливо најтргувани акции за минатата недела, првата со промет од 8,4 милиони, а втората со промет од 6,0 милиони денари. Послабите финансиски резултати на Комерцијална банка Скопје за 2012 година придонесоа цената на акцијата да претрпи надолна корекција за уште 80 денари и на затворање во петокот таа изнесуваше 2.604 денари за акција. Наспроти неа, цената на акцијата на Стопанска банка Битола, по објавата на информацијата за наплатата на неколку спорни побарувања имаше неделен пораст од +4,2% и неделата ја заврши со цена од 1.493 денари за акција. Единствени акции кои имаа промет од над 1 милион денари беа уште акциите на Алкалоид Скопје со промет од 1,3 милиони и Македонски Телеком со промет од 1,6 милиони денари.

На регионалните берзи. SBI10 неделата ја заврши со пад од -0,47%. Crobex забележа нешто поголем пораст од +1,96%, Белградскиот Belex забележа пад од -1,12%, додека софискиот Sofix имаше минимален пораст од +0,39%.

Индексите во САД продолжија со раст и оваа недела, S&P 500 неделата ја заврши со шести по ред последователен неделен раст од +1,49% искачувајќи се на 1.517,93 индексни поени. DOW JONES имаше неделен пораст од +0,81%, а NASDAQ од +2,00%. Европските индекси неделата ја завршија главно во позитива, па така DAX забележа пораст од +0,18% на неделно ниво, FTSE 100 ја затвори неделата со раст од +0,27%, додека францускиот CAC 40 имаше пад од -0,28%. На азиските берзи индексот NIKKEI 225 имаше неделен пад од -0,95%, додека HANG-SENG имаше пад од -1,98%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП