30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРаботи кои никако НЕ смеете да ги делите со други лица

Работи кои никако НЕ смеете да ги делите со други лица

nedelite54e54fg54ewf

Хигиената секогаш треба да ви биде на прво место, за да го сочувате вашето здравје и здравјето на луѓето околу вас.

– За почеток немојтее да го делите сапунот со други, без оглед дали станува збор за обичен или антибактериски. Имено, пената на сапунот може да не се исуши целосно по користењето и да содржи бактерии кои ќе ја заразат наредната личност која ќе го користи.

– Било кој предмет кој е во допир со косата не би требало да го делите. Меѓу таквите се четките за коса, кацигата или капите.

– Освен тоа, делењето на антиперспирант никако не треба да го практикувате, бидејќи на тој начин можете да ги пренесете бактериите кои предизвикуваат непријатни мириси. Особено избегнувајте ги ролоните.

Маскарата, карминот и други средства за разубавување, чувајте си ги за себе. Преку шминката може да се пренесе некоја инфекција. Иако шминката во себе содржи одредени конзерванси, чија цел е да ги уништат бактериите, подобро е да не ја делите со други.

– Ретко кој правилно ја дезинфицира грицкалката или турпијата за нокти, па така на неа остануваат многу бактерии и габи. Доколку случајно со грицкалката за нокти ја поткачите и кожата, отворате место преку кое тие можат да се пренесат.

– Исто така не би требало да ги делите ниту пијалоците, бидејќи бактериите кои предизвикуваат херпес, менингитис, вирус, воспаление на грлото лесно се пренесуваат ако чашата од која пиете не е само ваша.

– На ист начин однесувајте се и кон обетките или слушалките, бидејќи со нивното делење со други лица сериозно можете да си го загрозите здравјето.

Обувките треба да бидат само ваши и на никој друг, не ги раменувајте со никого. Постојат премногу габични инфекции поради кои може да изгубите и неколку прсти од вашето стапало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП