6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПонизок профитот на Raiffeisen Bank

Понизок профитот на Raiffeisen Bank

raifffn3408yh4

Австриската банка „Raiffeisen“ во 2013 година оствари нето добивка од 149 милиони евра, се вели во соопштението на банката.

Нето профитот е помал во споредба со претходната година, наведуваат од банката, но додаваат дека „Raiffeisen“ четврти пат по ред остварува најдобар резултат меѓу австриските банки.

Профитот пред оданочување изнесуваше 835 милиони евра и е помал за 19,5 проценти во однос на една година претходно, додека консолидираниот профит изнесувал 557 милиони евра, што е за 23,6 проценти помалку отколку во 2012 година.

Падот на профитот пред оданочувањето од 203 милиони евра првично може да им се препише на еднократните ефекти во 2012 година, како што е продажбата на обврзници и повторно купување на хибриден капитал во вкупна вредност од 276 милиони евра, наведуваат од банката.

Како што е наведено, оперативниот резултат е подобрен за 17 проценти или 351 милиони евра.

Заработката од акции изнесува 1,83 евра, додека минатата година таа изнесуваше 2,72 евра. Извршниот одбор на годишното собрание ќе предложи за 2013 година да се исплати дивиденда од 1,02 евра по акција.

„Raiffeisen“ има 58,000 вработени во 3,000 филијали и услужува 14,6 милиони клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП