18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИANA купува 77 нови авиони вредни 16.4 милијарди долари

ANA купува 77 нови авиони вредни 16.4 милијарди долари

ana avioni

„All Nippon Airways“ (ANA) соопшти дека ќе купи 77 нови авиони во вредност од 16,4 милијарди долари.

Авиокомпанијата ќе купи 40 авиони од „Боинг“ и 30 од „Ербас“, се со цел да опфати повеќе патници околу Олимпијадата во Токио во 2020-та година. Раководството потврди дека ќе бидат купени 14 авиони „Боинг“ од модел „Дримлајнер“, 20 од „777 – Х“ и шест од „777 – 300ER“. „Ербас“ ќе биде претставен од 14 авиони од моделот „A320neo“, како и 23 летала „A321neo“. Нарачката ќе биде извршена меѓу 2016-та и 2027-та година , по што јапонската авиокомпанија ќе располага со 260 авиони.

Новите „Боинг“ авиони ќе бидат употребени за меѓународни летови, а авионите „Ербас“ ќе ги опфатат внатрешните и прекуокеанските дестинации.

Ова е најголемото купување на авиони во историјата на „ANA“. Шиничито Ито, претседателот и извршен директор на компанијата, соопшти дека изборот на авионите е направен врз основа на квалитетот на производот, а не според престижот на марката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП