26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Намалено кредитирањето на компаниите

ЕЦБ: Намалено кредитирањето на компаниите

ecb329ru3h2nerdmn

Кредитирањето на претпријатијата во презадолжената еврозона повторно е намалено во февруари, покажаа најновите податоци на Европската централна банка (ЕЦБ).

Кредитите одобрени на приватниот сектор минатиот месец се намалени за 2,2 проценти на годишно ниво, откако во јануари веќе беа намалени за 2,3 проценти на годишно ниво, се наведува во извештајот на ЕЦБ, пренесува агенцијата Франс прес.

ЕЦБ, исто така, ги објави и податоците за обемот на пари во оптек, што е прелиминарен индикатор за инфлацијата, кои во февруари се зголемени за 1,3 проценти по растот од 1,2 проценти кој беше забележан претходниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП