29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоаѓаат подобри денови за Словенците

Доаѓаат подобри денови за Словенците

slovenciteve4e654v6e4v

Деловната доверба во Словенија продолжи да расте во март, благодарение на оптимизмот кон градежниот и другите клучни сектори.

Индексот на деловната доверба овој месец се зголеми за три проценти во однос на февруари и седум проценти во однос на март 2013 година, но остана три проценти под долгорочниот просек, наведува Заводот за статистика во Љубљана, пренесува агенцијата СТА.

Растот на деловната доверба е поттикнат од оптимизмот кон градежниот сектор, каде индексот се врати на преткризното ниво во последните месеци. Индексот на довербата во градежниот сектор е зголемен за осум проценти на месечнo ниво и за дури 22 проценти на годишно ниво, достигнувајќи го највисокото ниво од октомври 2008 година.

Во преработувачкиот сектор, индексот се зголеми за еден процент на месечно ниво и осум проценти на годишно ниво, надминувајќи го долгорочниот просек за четири проценти.

Во малопродажниот сектор, индексот во март беше за еден процент повисок отколку во февруари и пет проценти повисок во однос на март минатата година, останувајќи шест проценти под долгорочниот просек.

Индексот во услужниот сектор истовремено се зголеми за три проценти на месечно и осум проценти на годишно ниво, но остана 15 проценти под долгорочниот просек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП