10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен профитот на Банката на Кина за 12 %

Зголемен профитот на Банката на Кина за 12 %

Bank_of_China_Headquarters

Нето профитот на Банката на Кина минатата година е зголемен за 12 проценти, благодарение на закрепнувањето на глобалните пазари и стабилниот раст на кинеската економија.

Оваа банка, четвртата најголема според обемот на средства во Кина, минатата година регистрирала нето профит од 156,91 милијарди јуани (25,27 милијарди долари), што е за 12,4 проценти повеќе во однос на профитот од 139,66 милијарди јуани во 2012 година, се наведува во соопштението на банката, пренесува агенцијата Франс прес.

„Во 2013 година глобалната економија се упати во правец на закрепнување, со силен замав на американската економија, излез на европската економија од рецесија и побавниот раст на јапонската економија по силното закрепнување“, се наведува во соопштението.

Кинеската економија минатата година се зголеми за 7,7 проценти, односно со истото темпо како и во 2012 година кога беше забележан најбавниот раст од 1999 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП