9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ денес ќе ја најави помошта за Украина

ММФ денес ќе ја најави помошта за Украина

mmf

Се проценува дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денес ќе го најави пакетот помош за Украина во вредност од околу 15 милијарди долари, пишува британскиот весник „Фајненшл Тајмс“.

Според пишувањето на овој весник, ММФ веќе го разгледал брзото испраќање на средства во износ од милијарда долари од својот  т.н. инструмент за брзо финансирање, пренесува Ројтерс.

Украинскиот министер за финансии, Олександар Шлапај, вчера изјави дека официјален Киев, преговара со ММФ за пакетот помош во вредност од 15 до 20 милијарди долари.

По најавата, ММФ треба да го одреди точниот датум за испраќање на првата транша од одобрената финансиска помош за Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП