28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНедозволени прашања на интервјуто за работа: Како да одговорите на нив?

Недозволени прашања на интервјуто за работа: Како да одговорите на нив?

10246874995331a0e653519806899317_orig

Да се одговори на трик прашањата на интервјуто за работа навистина не е лесно, но уште потешко е да се изборите со недозволените прашања кои чепкаат во вашата приватност. Во недозволените прашања спаѓаат сите прашања кои се однесуваат на вашиот семеен живот, националноста, сексуалната определба, религија, и се друго што е исклучиво ваша приватна работа и нема врска со способностите квалитетно да ја обавите работата.

Погледнете некои примери од ваквите прашања и дознајте како да одговорите на нив…

Прашање: Планирате ли да стапите во брак во блиска иднина?

Одговор: Мојот приватен живот нема да му попречува да деловниот.

Прашање: Кога планирате потомство/имате ли деца, планирате ли уште деца?

Одговор: Планирам да ја градам кариерата независно од плановите за зголемување на семејството.

Прашање: Во каква здравствена состојба сте?

Одговор: Не постои задача во описот на работата која беше објавена во оглас, за која не сум во можност да ја обавам.

Прашање: Кога планирате да се пензионирате?

Одговор: Мојата кариера и потреба да работам и заработувам се приоритет во мојот живот и не гледам дека, што се однесува на тоа, нешто ќе се промени во блиска иднина.

Доколку ви е непријатно и не знааете како да одговорите на некое прашање слично на овие, слободно прашајте го работодавецот да ви ја објасни важноста на прашањето и дадениот одговор, односно поврзаноста на тоа со вашето идно работење во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП