4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕУ: Цената на интернетот е превисока

ЕУ: Цената на интернетот е превисока

www

Интернет провајдерите во Европа имаат исклучително неусогласени цени за интернетот, поради што корисниците честопати се чувствуваат збунето и измамено, покажуваат денеска објавените резултати од едно истражување кое го спровела Европската комисија.

Според истражувањето, европските интернет провајдери просечно испорачуваат 75 отсто брзина која потрошувачите ја плаќаат.

Друго истражување покажало дека цената која се наплатува за вклучување на интернет се менува до 400 отсто од една до друга членка на ЕУ, па така додека корисниците во Литванија плаќаат просечно 10 евра месечно за стандарден договор од 12 до 30 мегабајти во секунда, Полјаците за истиот пакет плаќаат цена од 140 евра.

Меѓу поевтините членки на Унијата за услугите на интернет се Романија и Летонија, додека Шпанија, Ирска и Хрватска се меѓу најскапите.

Повикувајќи се на резултатите од четири студии, еврокомесарот за дигитален развој, Нели Крос изјави дека 400 милиони интернет корисници во ЕУ се соочени со „географска лотарија“ при изборот на својот интернет провајдер.

– Не постои единствен пазар за интернет и тоа мора да се промени, истакна Крос. гт/зш/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП