8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка: На Русија и се заканува пад на БДП и одлив...

Светска банка: На Русија и се заканува пад на БДП и одлив на капитал

svetskabankaworldbankfk439-ugt

Доколку се влоши кризата во Украина, бруто домашниот производ (БДП) на Русија би можел оваа година да се намали на 1,8 проценти, а околу 150 милијарди инвестиции би можеле да бидат повлечени, предупредува Светска банка.

Светска банка разви две сценарија за Русија. Изгледите за нив зависат во голема мера од обновувањето на довербата кај претприемачите и потрошувачите и геополитичките ризици, се вели во нејзиниот извештај.

Ако се влоши конфликтот помеѓу Русија и Украина, може да се појави неизвесност во поглед на санкциите од Западот и одговорот на Русија на нив, предупреди Светска банка.

Тоа дополнително ќе ја намали довербата кај претприемачите и потрошувачите и ќе го дестабилизира пазарот, ќе ја намали перспективата за домашната потрошувачка и економскиот раст, наведува Светска банка.

Светска банка предвидува намалување на рускиот БДП на 1,8 проценти во 2014 и 2,1 проценти во 2015 година. Во најдобар случај, може да се очекува „бегство“ на капитал од 150 милијарди долари оваа и 80 милијарди долари следната година, наведува Светска банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП