22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолготата во Шпанија е минато

Голготата во Шпанија е минато

shpanija1

Економијата на Шпанија ќе порасне за 1,2 проценти во 2014 година, полека закрепнувајќи од долготрајната, тешка рецесија, прогнозираше централната банка во Мадрид.

По падот на БДП од 1,2 проценти во 2013 година, за оваа година се прогнозира раст на БДП од 1,2 проценти, а за 2015 година раст од 1,7 проценти.

Доколку овие прогнози се остварат Шпанија ќе евидентира најбрз економски раст од 2007 година.

Сепак, растот нема да биде доволно силен за да се намали невработеноста која на крајот на декември минатата година надмина 26 проценти.

Централната банка верува дека невработеноста ќе се намали на 25 проценти во оваа година, и 23,5 во наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП