25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогов: Годинава раст на БДП од 3,7 отсто

Богов: Годинава раст на БДП од 3,7 отсто

bogovdj328yrhfn23

Очекуваме продолжување на позитивниот тренд на пораст на македонската економија што за 2013 година изнесуваше 3,1 отсто. Проценките на Народната банка за оваа година засега се дека растот ќе биде зголемен и ќе изнесува околу 3,7 отсто.

Ова денеска го истакна гувернерот на НБРМ Димитар Богов пред студентите и професорите на Универзитетот на југоисточна европа во Тетово, како и пред повеќе претставници на бизнис заедницата на предавањето посветено на предизвиците на монетраната политика на државата и факторите што влијаат врз нашата економија.

– Има повеќе фактори што влијаат врз проекциите што ние како Народна банка ги правиме двапати годишно, во април и октомври и што ги земаме предвид како што се меѓународните состојби и движење, и движењата и претпоставките за нашата економија. Веќе следниот месец започнуваме со нова рунда на проценки да видиме каде и за колку имаме отстапки од претпоставките и можеби ќе има и ревизија на оваа бројка. Кај инфлацијата проценивме дека таа ќе изнесува 2,3 отсто на годишно ниво и со априлската редовна ревизија ќе направиме проценка и на оваа бројка, изјави Богов.

Како можни ризици што ќе имаат влијание врз прогнозираните бројки за една мала и отворена економија како македонската, гувернерот Богов ги посочи меѓународните случувањата и особено кризата во Украина и односите помеѓу Русија и западните сојузници.

– Тамошните случувања веќе предизвикаа мал пораст на цените на пченката и пченицата и доколку дојде до ескалација на состојбите и меѓусебни трговски ембарга помеѓу Русија и Западот можен е пораст и на цената на нафтата и оценувањата за пораст на економијата во ЕУ од 1 отсто да бидат намалени што секако ќе има одраз и на нашиот извоз кој главно оди во земјите на ЕУ, рече Богов.

Позавршувањето на своето излагање гувернерот Богов одговараше на прашања на студенти околу монетарната политика, курсот на денарот, движењата во банкарскиот сектор, кредитирањето на населението и можностите за насочување на кредитирањето кон корпоративниот сектор.

Според ректорот на УЈИЕ Замир Дика, заедничка констатација на присутните е дека НБРМ сега е поотворена кон јавноста што го докажува и денешното предавање на гувернерот пред студентите кои пак имаа можност во директен контакт со него да слушнат дел од искуствата, видувањата и расудувањата на вистински професионалец во својата област.

Дика најави дек ќе продолжи трендот на вакви предавања од експерти од разни области пред студентите и професорите на овој Универзитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП