26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсум финалисти во изборот за „Автомобил на годината“

Осум финалисти во изборот за „Автомобил на годината“

mercedes1

Жирито за национален избор на „Автомобил на годината“ во Македонија денеска ги презентираше осумте финалисти кои влегоа во трката за престижното признание во автомобилската индустрија.

Активностите на шестчленото жири кои траеја преку целата 2012 година резултираа со избор на осум потенцијални модели за вкупен победник.

Во потесна конкуренција за избор на „Автомобил на годината“ влегоа: Дачија Лоџи, Греат Вол Ховер Х5, Киа Оптима, Мерцедес А класа, Митцубиши Аутлендер, Пежо 301, Сеат Леон и Хонда Сивик.

Главни критериуми за оценување на автомобилите кои конкурираат за титулата се адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, комфор и опременост.

Досегашни освојувачи на титулата „Автомобил на година“ во Македонија се Фиат Браво/Брава (1996), Рено Меган (1997), Опел Астра (1998), Шкода Октавија (1999), Фиат Пунто (2000), Сеат Леон (2001), Тојота Корола (2002), Мазда 6 (2003), Мазда 3 (2004), Сеат Алтеа (2005), Фолксваген Пасат (2006), Опел Корса (2007), Киа Сид (2008), Фолксваген Голф (2009), Опел Астра (2010), Хјундаи И Икс 35 (2011) и Киа Рио (2012).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП