3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА6 совети за најдобар “говор на телото” за време на интервјуто

6 совети за најдобар “говор на телото” за време на интервјуто

body

За време на интервјуто, говорот на телото е многу важен. Како да имате правилен говор на телото?

Човекот може да произведе: 700.000 знаци, 250.000 изрази на лице, 5.000 гестикулации со раце и 1.000 различни држења на телото. Околу 95% од пораките при комуникација се невербални. Првата импресија е базирана на: 7% од изговорените зборови, 38% од тонот на гласот и 55% од говорот на телото.

1.       Ракување

Може многу да дознаете за некоја личност по начинот на ракување, затоа научете како првилно да се ракувате со нашите совети:

–          Секогаш користете ја десната рака

–          Бидете сигурни дека вашите дланки се суви

–          Бидете цврсти и уверени при ракувањето

–          Насмевнете се и имајте контакт со очите

Млитаво поздравување сугерира на слаб карактер. Додека, пак, “железен зафат” значи ароганција.

2.       Држење на телото

Зрачете со самодоверба со правилно држење на телото.

–          Немојте да бидете во опуштена положба на телото

–          Седете исправени

–          Избегнете прекрстување на рацете

–          Не ги чувајте рацете во вашите џебови

Студиите покажуваат дека со вежбање на впечативи и моќни пози, пред почетокот на интевјуто, може да се намалат стрес хормоните за 20%. Ова најдобро се вежба во бањата или пред да се напушти домот, минимум 2 минути. Всушност, се намалува количината на лачење на Cortisol, а се зголемува лачењето на Testosterone, при што, според студиите, ги зголемува шансите на кандидатите да ја добијат работата за 22%.

3.       Огледало

Повторувајќи ги движењата на интервјуерот, покажува емпатија и може да помогне за воспоставување на блискост. Суптилноста е важна, за да не примети интервјуерот дека го правите тоа.

4.       Контакт со очите

Контактот со очи пренесува доверба и искреност.

–          2/3 од времето бидете насочени со погледот кон очите на интервјуерот

–          1/3 од времето може да гледате и на страна

Задржување на погледот кон интервјуерот подолго време, може да се сфати како агресивно и помалку морничаво.

5.       Гестови

Користете отворени и експресивни гестови за полесно да го инволвирате интервјуерот во она што го зборите.

–          Држете ги дланките горе и отворени што укажува на чесност

–          Избегнете посочување или трескање со тупаници на работната маса за да се потенцира нешто

6.       Ентузијазам

Изразете ја желбата за работното место низ говорот на тело.

–          Покажете ентузијазам преку заинтересирани изрази

–          Насмевнувајте се и правете позитивни гестови

–          Бидете внимателни да не претерате

На крај, причекајте да се оддалечите доволно за да го изведете победничкиот танц J

 

Гоце Михајлоски, Агенција за привремени вработувања Анторис – www.antoris.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП