27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToyota откупува 60 милиони акции

Toyota откупува 60 милиони акции

toyotad79tg3479rgfb32k

Јапонскиот производител на автомобили „Toyota“ планира да откупи 1,89 проценти од своите акции за 360 милијарди јени (3,5 милијарди долари).

Компанијата наведува дека во период од 10 месеци, по состанокот на акционерите во јуни, ќе започне со откуп на 60 милиони акции, пренесува агенцијата Франс прес.

„Toyota“ последен пат откупуваше акции во февруари 2009 година, кога за 2,8 милијарди јени откупи 930.000 акции.

„Компанијата го унапреди работењето во голем дел благодарение на слабиот јени и сега има доста средства. Со употребата на парите за акции „Toyota“ им покажува на инвеститорите дека вреди да се инвестира во неа“, наведува аналитичарот од јапонскиот автомобилски сектор Ракуја Мизуано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП