1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија полека излегува од Lloyds

Британија полека излегува од Lloyds

lloyds-banking-gro

Велика Британија продаде дополнителни 7,8 проценти од уделот во банкарската групација „Lloyds“ за 4,2 милијарди фунти (5 милијарди евра).

Со тоа уделот на официјален Лондон во групацијата е намален на 24,9 од 32,7 проценти, соопшти британското Министерство за финансии.

Коалиционата влада на премиерот Дејвид Камерон претходно во септември продаде шест проценти од уделот во „Lloyds“, како дел од напорите банката да се врати во приватна сопственост, пренесува агенцијата Франс прес.

Парите добиени од продажбата на акции ќе бидат употребени за намалување на јавниот долг, изјави министерот за финансии Џорџ Озборн, додавајќи дека тоа е уште еден чекор од долгорочниот економски план за зајакнување на банките, намалување на националниот долг и враќање на парите на даночните обврзници.

„Lloyds“ во 2008 година, во екот на финансиската криза доби државна помош од 20 милијарди фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП