20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСериозни последици од прекумерното користење на антибиотици

Сериозни последици од прекумерното користење на антибиотици

antibicnb783tf7823gbw

Американскиот Центар за контрола и превенција од болести (CDC) не е познат по песимистичните искази, но во последно време алармира за последиците од прекумерното користење на антибиотици.

Директорот на CDC Том Фриден предупреди за бактериите-кошмари, оние кои им се спротивставија на модерните антибиотици.

Додека експертите работат на зачувување на делотворноста на антибиотиците, и забавувањето на потенцијалните инфекции преку подобри насоки, прекумерното користење на антибиотици има сериозни здравствени последици во целиот свет.

1. Се зголемуваат случаите на пролив кај децата

Повеќето настинки се предизвикани од вируси, па антибиотиците немаат влијание на инфекцијата и можат да предизвикаат некакви несакани нус-појави. Сепак, студиите покажаа дека половина од пропишаните антибиотици за деца отпаѓаат на лечење на инфекции на горните дишни патишта поврзани со настинка.

Новите студии на CDC покажуваат дека на децата на кои рутински им се препишуваат антибиотици за горните респираторни инфекции се поосетливи на агресивни бактерии отпорни на антибиотици, познати како Clostridium difficile.

Студијата покажа дека 71 процент од децата кои имале инфекција со ваква бактерија земале антибиотици за болести на дишните патишта.

Кога на децата погрешно им даваме антибиотици непотребно ги изложуваме на здравствени проблеми со бактерии отпорни на антибиотици.

Бактеријата Clostridium difficile се наоѓа во човечките црева и може да предизвика тежок пролив и одговорна е за 250.000 случаи на хоспитализација, како и за 14.000 смртни случаи годишно помеѓу децата и возрасните во САД.

2. Ја пореметуваат осетливата цревна флора

Цревата содржат околу 100 трилиони бактерии од различни видови. Иако некои можат да бидат смртоносни, постои природна рамнотежа која може да се поремети со користење на антибиотици.

Агресивните антибиотици, иако корисни кај некои инфекции, можат да уништат многу „добри“ бактерии и да предизвикаат зголемување на бројот на оние отпорни на антибиотици. Тоа често доведува до пролив.

Многу луѓе, особено децата, се осетливи на несаканите нус-појави, вклучувајќи ја и трајната промена во цревната флора.

3. Ги претвораат добрите бактерии во лоши

Бактериите развиваат отпорност на антибиотици со процесот на хоризонтален пренос на гени.

Едно истражување покажа дека бактериите кои поминуваат низ дебелото црево можат да ги пренесат своите гени на отпорност на другите облици на бактерии.

4. Се зголемува бројот на случаи на неизлечива гонореја

Со Clostridium difficile, CDC засилено ги следи случаите на гонореја отпорна на антибиотици. Овој неизлечив сој на бактерии не само што предизвикува болка туку е поврзан и со воспалителни болести на карлицата, неплодност, неонатални инфекции на очите и слично.

Специфичната врста, Neisseria gonorrhoeae развила отпорност на антибиотиците кои обично се користат за лечење на оваа инфекција.

5. Зголемени болнички трошоци

Колку што ќе се проширува отпорноста на антибиотици, толку повеќе тие ќе мора да се повлекуваат од пазарите. Тоа значи дека лечењето на заболените од инфекции ќе трае подолго, а терапијата ќе биде поскапа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП