3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBambi ја воведува ознаката – Не содржи ГМО

Bambi ја воведува ознаката – Не содржи ГМО

bambigmo54547segw

Кондиторската компанија „Bambi“ од Пожаревац на своите производи ќе ја постави ознаката дека тие не содржат генетски модифицирани организми – ГМО.

На тој начин компанијата „Bambi“ им излезе во пресрет на сите потрошувачи. „Bambi“ не содржи генетски модифицирани состојќи е написот кој ќе биде видлив на сите производи на оваа компанија.

– Со посебно внимание им пристапуваме на сите актуелни теми кога станува збор за производството на храна, со посебен акцент на желбите и потребите на нашите верни потрошувачи. Имајќи ги во предвид сите информации кои од различни страни пристигнуваат до потрошувачите, а се однесуваат на користењето на генетски модифицирани супстанци во производите, одлучивме јасно да покажеме дека нашите производи не содржат ГМО.

Компанијата „Bambi“ ги покрива сите сегменти од кондиторската индустрија, од производство на тврди кекси до чоколади, а нејзините најпознати брендови се „Plazma“, „Wellness keks“, „Yo D’Oro“, „Juhu!“, „JOSH“ и многу други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП