28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИма 18 години, богатство од 30 милиони долари и добар совет за...

Има 18 години, богатство од 30 милиони долари и добар совет за Вас (видео)

nickAloisoi

Веројатно веќе сте слушнале за ова чудо од дете. Ник Д’Алоисио имаше само 17 години кога ја продаде својата апликација „Summly“ на „Yahoo“ и заработи 30 милиони долари. Својот успех го прослави скромно – со заминување на работа. Сега живее релативно нормален живот во Лондон и го завршува школувањето.

Тој е еден од најмладите милионери и претприемачи во светот, кој „Wall Street Journal“ неодамна го претстави како иноватор на годината. Сега тој е полноправен член на инженерскиот тим на „Yahoo“.

Ник даде интервју за „Entrepreneur“ и го изрази своето мислење за претприемачите.

– Мислам дека некои претприемачи премногу се фокусираат на идејата, а недоволно на планираната имплементација и квантификувањето на успехот. Плановите, патентите и имплементацијата се еднакво важни како и почетната идеја, вели Ник.

Тој има и совет за младите претприемачи кои сеуште ја чекаат својата прва вистинска прилика „Примарна цел на оној кој сака да успее би требало да биде усвојувањето на сите потребни вештини. Денес на интернет имате многу достапни извори за тоа. Програмирање, равој на бизнис, дизајн, маркетинг и останато. Бидете неуништливи и не се плашете од неуспехот. Нема подобар начин на учење од оној систем наречен „обид-грешка“, заклучи младиот милионер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП