2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Унгарците ја стимулираат економијата?

Како Унгарците ја стимулираат економијата?

ungarijabro782fgf3jrt

Унгарската централна банка (МНБ) ја намали референтната каматна стапка на историски минимум од 2,6 проценти.

Локалната власт настојува да ја поттикне домашната економија во пресрет на парламентарните избори закажани за 6. aприл.

Најновото намалување на каматната стапка е 20-то по ред откако во август 2012 година централната банка започна циклус на намалување на стапката од седум проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Според оценките на МНБ, ниската инфлација во Унгарија и сеуште кревкото економско закрепнување од рецесијата од 2012 година дозволуваат референтната стапка да се намали на така ниско ниво.

Унгарија минатата година оствари економски раст од 1,2 проценти, а за оваа година очекува раст од два проценти.

По ваквата одлука на МНБ, националната валута – форинти е зголемена на 311,91 форинти за едно евро во однос на вчерашното ниво од 312 форинти за едно евро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП