1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразил: Не дозволуваме S&P да не попречува

Бразил: Не дозволуваме S&P да не попречува

brazil1155

Бразил решително ќе одговори на меѓународните предизвици иако агенцијата за кредитен рејтинг „Standard and Poor’s – S&P“ го намали нашиот рејтинг, соопшти Централната банка на Бразил.

„Без оглед на мислењето на агенцијата „S&P“, Бразил ќе продолжи одлучно да одговара на претстојните предизвици од новите меѓународни околности“, наведе Банката на Бразил во своето соопштение, пренесува агенцијата АП.

„Таквиот одгoвор подразбира сериозност во водењето на макроекономската политика и флексибилност на девизниот курс“, се вели во соопштението.

Дополнително се наведува дека Бразил се наоѓа „во добра позиција кога станува збор за новата фаза на нормализација на светските финансиски услови и целосно е во можност преку нив сосема безбедно да пројде“.

Агенцијата „S&P“ во понеделникот го намали кредитниот рејтинг на Бразил од „ВВВ“ на „ВВВ-“, поради слабиот економски раст и буџетските проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП