26 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСтресот го отежнува зачнувањето

Стресот го отежнува зачнувањето

stressed-woman-on-bed

Истражувањето спроведено во САД ја поврза изложеноста на стресот со зголемувањето на ризикот за неплодност на жените, пишува стручното списание „Human Reproduction“.

Податоците на научниците од Универзитетот Охајо се темелат на следење на присутноста на ензими поврзани со стресот во плунката кај 500 жени кои се обидувале да забременат.

Присутноста на ензимот алфа-амилаза е следена 12 месеци, а се покажало дека неговото зголемено ниво е поврзано со просечно двојно поголем ризик за неплодност.

Во истражувањето не е утврдено на кој начин стресот ги намалува шансите за зачнување.

Научниците напоменуваат дека возраста и натаму е најчеста причина за потешкотии со плодноста.

Останатите факори кои придонесуваат за намалување на плодноста кај жените се пушење и дебелина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП