16 јануари, 2025
ПочетнаКОМПАНИИSberbank не си заминува од Украина

Sberbank не си заминува од Украина

sberbank20l

„Sberbank“ нема намера да се повлече од Украина, рече претседателот на Управниот одбор на банката, Герман Греф на брифингот по состанокот со Надзорниот одбор.

Претходно Греф најави дека „Sberbank“ има намера да ја поддржи својата „ќерка“ банка во Украина во случај на потреба. Според неговите зборови, Украина е еден од важните пазари на оваа кредитна организација.

„Ситуацијата во нашата банка е стабилна, менаџментот уште пред една година обезбеди добри резерви за ликвидност“, изјави Греф кон крајот на февруари.

„Sberbank“ ја превзема банката „ќерка“ во Украина во декември 2007-та година. Сега бројот на клиенти на „Sberbank“ во Украина надмина 800.000 корисници, што е двојно повеќе од почетокот на 2013-та.

Според податоците за минатата година, укрианската филијала го зазема второто место меѓу банките во оваа земја според растот на привлекувањето на средства од граѓаните. Обемот на средства на клиентите-физички лица е зголемен за повеќе од еден ипол пат и надмина 14 милијарди гривни (56,1 милијарди рубљи, 147 милиони долари). Минатата година банката отвори нови 50 експозитури на целата територија на Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП