1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова трафостаница во гостиварското село Бањешница

Нова трафостаница во гостиварското село Бањешница

trafostanica211

ЕВН Македонија ја пушти во употреба новата компактно бетонска трафостаница во село Бањешница, Гостиварско, изградена како заедничка инвестиција со општина Гостивар.

Трафостаницата треба да ги подобри лошите напонски прилики со кои се соочува локалното население, кое моментално се снабдува со електрична енергија од други две 20/0,4 киловолтни дистрибутивни трафостаници – ТС Војне и ТС Бањешница, преку долги и оптоварени нисконапонски изводи.

– Со изградбата на овој енергетски објект ќе се растовари снабдувањето со електрична енергија и на корисниците од село Бањешница и другите населени места во овој регион и ќе се подобри сигурноста во снабдувањето, рече Невзат Бејта, градоначалникот на општина Гостивар на свеченото пуштање во употреба на трафостаницата.

За изградба на новата трафостаница и среднонапонската мрежа за приклучок пуштен е 20 киловолтен кабелски вод во должина од 350 метри, изградена е нова компактно-бетонска трафостаница и вграден енергетски трансформатор од 630 киловолт ампери, исто така е изградена нова подземна нисконапонска мрежа во должина од 600 метри и реконструирана надземна нисконапонска мрежа во должина од 300 метри. Во село Бањешница започна и дислокација на корисниците од новата трафостаница во мерни ормари поставени на граница на имот.

– Со оваа инвестиција се создаваат подобри напонски прилики за стотина потрошувачи кои ќе бидат префрлени од постоечките трафостаници на новата трафостаница, како и за триесетина нови објекти на кои им е потребен приклучок на електро-дистрибутивната нисконапонска мрежа. Воедно и ќе се намали оптоварувањето на двете трафостаници од кои превземаме потрошувачи, посочи портпаролот на ЕВН Македонија Влера Ѓакова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП