3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо оваа фабрика се произведени 11 милиони возила на Škoda

Во оваа фабрика се произведени 11 милиони возила на Škoda

skoda mlada boleslav

„Škoda“ во последните десет години оствари бројни јубилеји, а последниот меѓу нив се однесува на познатата фабрика во Млада Болеслав. Во овој производен погон од неговото основање, па до денес произведени се 11 милиони возила.

Во фабриката со гордост истакнуваат дека повеќе од 50 проценти од сите произведени „Škoda“ возила имаат излезено од нивните производни ленти. Од вкупниот број на автомобили кои ги имаат изработено работниците во Млада Болеслав, последните милион возила се произведени во последните две години.

Скоро 10.000 вработени работат во оваа фабрика, која во последните години е модернизирана и проширена. Па така капацитетот на производната линија број 1 од 800 е зголемен на 1.200 автомобли дневно. Тоа е резултат од воведувањето на целосно автоматизираниот погон за фарбање и изградба на нов оддел за пресување на делови.

Во фабриката се изработуваат шест актуелни модели на „Škodа“: „Octavia“, „Octavia Combi“, „Fabia“, „Fabia Combi“, „Rapid“ и „Rapid Spaceback“. Покрај погонот во Млада Болеслав, „Škoda“ во Чешка има уште две фабрики, во местата Квашини и Врхлаби. Во првата фабрика се произведуваат „Yeti“, „Superb“ и „Roomster“, додека во втората се изработуваат менувачи со двојно квачило за моделите од групацијата „Volkswagen“.

Покрај тоа, „Škoda“ има три фабрики во Кина и две во Русија, од кои таа во Калуга започна со работа од пред само неколку недели.

Хронолошки, достигнувањата на „Škodа“ oд 1991-ва изгледаат вака:

1991: 5 милиони „Škoda“ возила од 1905-та година.
13-ти јули 2006-та: произведено 10-милионитото возило на „Škoda“.
8-ми април 2009-та: произведени 12 милиони возила на марката „Škoda“.
12-ти октомври 2011-та: во фабриката во Млада Болеслав е изработена 10-милионитата „Škoda“.
30-ти јануари 2012-та: 14 милиони „Škoda“ возила од 1905-та година.
5-ти февруари 2013-та: 15 милиони возила „Škoda“ од 1905-та година.
9-ти јули 2013-та: милион возила на „Škoda“ произведени во Кина од 2007-ма година.
26-ти август 2013-та: произведени 4 милиони примероци на моделот „Škoda Octavia“.
19-ти март 2014-та: 11 милиони возила произведени во фабриката во Млада Болеслав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП