1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Грција ќе излезе од оковите на кредиторите“

„Грција ќе излезе од оковите на кредиторите“

papuljasdbh379tgfpr

Грција ќе победи во настојувањата да излезе од „оковите“ на меѓународните кредитори – Европската унија и ММФ, заклучи грчкиот претседател Каролос Папуљас.

„Нашиот народ води борба да излезе од оковот на кредиторите“, изјави 84-годишниот претседател.

„Нашата историја е гаранција дека и во оваа борба ќе победиме“, додаде Папуљас.

Грција настојува да исплива од исклучително непопуларните мерки за штедење кои ги усвои во 2010 година во замена за добивањето на кредит од ММФ и Европската унија.

Оваа земја е длабоко во рецесија, а невработеноста во изминатите четири години е значително зголемена. Сепак, се очекува дека нејзината економија оваа година ќе го врати растот, а Грција исто така планира и во втората половина на годината да се врати на нормалното задолжување на финансиските пазари, со продажба на петгодишните обврзници во вредност од 1,5 до 2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП