Британскиот поштенски оператор „Royal Mail“ планира укинување на 1,600 работни места во рамките на новата програма за намалување на трошоците, шест месеци по приватизацијата.
Компанијата наведува дека најголем број од отказите ќе бидат врачени во управата на компанијата, додека доставувачите на поштата нема да ја изгубат работата.
„Royal Mail“ додава дека ќе бидат креирани 300 нови позиции, па бројот на отказите всушност ќе изнесува 1,300.
Со новите мерки компанијата би требало да заштеди околу 50 милиони фунти (60 милиони евра) годишно, а од компaнијата наведуваат дека ваквите мерки се неопходни со цел таа да биде повеќе конкурентна.