1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Дневни Аваз“: Балканскиот регион би можел да остане без руски гас

„Дневни Аваз“: Балканскиот регион би можел да остане без руски гас

gasifikacijaskopjehbf937tg793

– Дистрибутерот на руски гас за Босна и Херцеговина, „Газпром Експорт“, ја предупреди босанската државна енергетска компанија „БХ-Гас“ дека поради тензичните односи меѓу Украина и Русија, би можела да биде доведена во прашање испораката на „синото гориво“ за Босна и Херцеговина, но и за останатите држави од балканскиот регион и за некои членки на Европската унија, објави сараевскиот весник „Дневни Аваз“.

Според весникот, главна причина за ваквата можност е тоа што главниот гасовод преку кој се пренесува рускиот гас до балканскиот регион минува низ Украина, а не се исклучува можноста властите во Крим да донесат одлука да се забрани транзитот на енергенсот низ украинска територија.

Директорот на „БХ-Гас“, Мирза Сендијаревиќ за весникот потврди дека компанијата добила известување од рускиот дистрибутер дека се можни проблеми во испораката на гасот.

– Во моментот никој во светот не може да предвиди како ќе се развива состојбата во односите меѓу овие две земји од што ќе зависи и редовното снабдување (со гас), изјави Сендијаревиќ, додавајќи дека за сега нема проблеми во дистрибуцијата на енергенсот, но дека неможе со сигурност да се тврди дека тоа и ќе остане така.

Според Сендијаревиќ, освен проблемите во испораката на гасот поради кризата во односите меѓу Украина и Русија, граѓаните на БиХ би можеле да останат без енергенсот и поради и неподмиренииот долг на босанската компанија кон „Газпром Експорт“, кој во моментов изнесуваат околу 24 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП