2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПозитивна индонезиска математика: Изборите ја подобруваат економијата

Позитивна индонезиска математика: Изборите ја подобруваат економијата

basrijc380yf3h

Индонезискиот министер за финансии Катиб Басри денеска изјави дека очекува претстојните парламентарни и претседателски избори да придонесат за поттикнување на планираниот економски раст за 2014 година од предвидените 5,8 на 6 отсто.

Ваквата позитивна математика, како што јави индонезиската државна новинска агенција Антара, министерот ја заснова на зголемување на средствата што партиите ќе ги вложат за финансирање на кампањата и пораст на вредноста на услугите и широката потрошувачка.

Не се работи за мала бројка, бидејќи лани бруто националниот доход беше над 950 милијарди долари. Според министерот Басри, кампањата и изборите ќе го зголемат прометот во хотелите и рестораните, а ќе се зголеми и продажбата на текстилните производи и обувки. Изборите, додава тој, ќе го зголемат и прометот во сообраќајот.

Годинава во Индонезија се одржуваат избори за пратеници во централниот и провинциските парламенти, а ќе се бира и нов претседател на државата. Првиот круг на парламентарните избори е закжан за 9 април, а претседателските ќе се одржат во јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП