2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСпор за млекото во Грција

Спор за млекото во Грција

mleko grcija

Раководството на двете партии од владејачката коалиција во Грција, Нова демократија и ПАСОК бараат начин да ги убедат своите пратеници да го поддржат распределувањето на млекото, што доведе до несогласување меѓу властите и производителите на млеко во земјата, пишува весникот „Нафтемборики“.

Нацрт-законот за спорната распределба на млекото треба да биде усвоен до петок и да биде ставен на гласање во Парламентот. Во документот заедно со мерките, договорени од Владата со „тројката“ меѓународни кредитори, фигурираат и регулативи за млекото.

Пратениците од двете партии се закануваат дека нема да гласаат за овој нацрт-закон. Владината коалиција располага со кревко мнозинство од 153 пратеници од вкупно 300 во Парламентот.

Млекопроизводителите во Грција протестираат поради одбивањето на властите да го исполнат нивното барање од етикетите за трајност на млекото да се избрише зборот „пресно“, бидејќи на тој начин на пазарот ќе доминира увезеното млеко кое има рок на траење од десет дена, кое според нив, би довело до уништување на фармите за млеко.

Освен борбата за пресното млеко, Асоцијацијата на млекопроизводителите во Грција води битка и за другите млечни производи, како грчкото сирење „фета“. Од Асоцијацијата сметаат дека „фетата“ и другите млечни производи не треба да се произведуваат од увезено млеко во прав, бидејќи тоа би предизвикало штета на заштитетната марка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП