6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWalt Disney за 500 милиони долари го купи Maker Studios

Walt Disney за 500 милиони долари го купи Maker Studios

disney acquires maker

Компанијата „Walt Disney“ одлучи да плати 500 милиони долари за „Maker Studios“, сопственикот на една од најголемите мрежи на „YouTube“ каналот.

„Maker“ работи на продукција и дистрибуција на видеа за кои имаат повеќе од 380 милиони претплатници низ 55.000 различни канали. Нивните видео клипови месечно имаат околу 5.5 милијарди прегледи.

Како што пишува „Reuters“, „Disney“ со оваа трансакција ќе стане еден од водечките „online“ дистрибутери, но тие очекуваат да им помогне и во привлекувањето на дополнителна „teen“ публика.

Цената би можела да порасне на 950 милиони долари, ако „Maker“ оствари одредени резултати. Компанијата е основана во 2009-та година и е една од најголемите продукциски компании на „YouTube“, која цели на младата публика. Од „Disney“ велат дека ова ќе им даде големо количество на податоци, за тоа како би можеле да ја промовираат својата содржина на таа млада публика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП