8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонските вина на саем во Русија со финансиска поддршка од Министерството за...

Македонските вина на саем во Русија со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство

vino1

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија обезбеди финансиска поддршка од 40 илјади евра за простор и  штанд од 56 метри квадратни за македонски компании производители на вино кои учествуваат на меѓународниот саем за пијалоци „ПРОДЕКСПО 2013“, кој од денеска до 15 февруари се одржува во Русија.

Организацијата на штандот и учеството на компаниите, како што соопшти ресорното Министерство, е согласно програмата за поддршка на извозот на македонски производи, а во соработка со Македонско-руската стопанска комора.

– Ваквата одлука е врз основа на барањето на компаниите, според кои веќе по првата година се почувстуваа конкретни резултати во смисла на потпишани договори со руски партнери. Во 2012 година саемот беше посетен од 94.634 лица. На саемот имаше 1.407 изложувачи од кои 704 меѓународни и 64 национални штандови, се вели во соопштението.

Оваа година на саемот на националниот штанд на Република Македонија учествуваат винариите Тиквеш“ од Кавадарци,  „Стоби“ од Градско, „Далвина“ од Струмица и „Шато Камник“, „Винар“ и „Сковин“ од Скопје.

Саемот „ПРОДЕКСПО“ е еден од најголемите саеми во Руската Федерација во последните дваесет години. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство втора година по ред го поддржува учеството на саемот со национален штанд.

Прв саем на кој се претставија фирми од Македонија со поддршка од Министерството за земјоделство беше саемот за свежо овошје и зеленчук „ФРУТЛОГИСТИКА“, кој се одржа од 6 до 8 овој месец во Берлин.

Министерството за земјоделство посочува дека ќе остане и понатаму на својата определба за континуирана поддршка на фирмите за нивно претставување на светските саемски манифестации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП