27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте деловната активност во еврозоната

Расте деловната активност во еврозоната

evrozonataj464jt4

Деловната активност во еврозоната остана во пораст во март, покажа анкетата на истражувачката компанија Маркит.

Поттикнат од добрите вести од Франција, кумулативниот индекс на менаџерите за набавка во еврозоната (ПМИ) овој месец изнесуваше 53,2 поени, по 53,3 поени од февруари, при што секој резултат над 50 поени укажува на раст, а под 50 поени на пад на секторските активности, пренесува агенцијата Франс прес.

Според податоците кои ги има Маркит, вработеноста во еврозоната исто така се зголеми во март, што е прв показател за растот на бројот на нови работни места од јуни 2011 година.

Најдобри резултати се забележани во Франција, каде деловната активност и новите нарачки се зголемени најмногу од август 2011 година.

„Фактот дека економскиот раст во еврозоната „постои“, и покрај турбуленциите во вид на загриженоста околу Украина, добредојдена е и помалку изненадувачка вест“, изјави економистот на компанијата Маркит, Мартин ван Влиет, предупредувајќи дека забавувањето на кинескиот ПМИ, заедно со релативно силното евро, не е добра вест за извозот, а невработеноста и фискалната политика во еврозоната покажуваат дека домашната побарувачка нема наскоро да се зголеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП