2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche не се откажува од електричен модел

Porsche не се откажува од електричен модел

e porsche

Иако најтврдокорните фанови на спортски автомобили обично се намуртени кога ќе прочитаат ваков наслов, но авто-индустријата се менува, па ниту „Porsche“ не е имун на тие промени.

Германскиот производител на луксузни спортски автомобили веќе се занимаваше со проблематиката за воведување на електричен погон во своите модели, кога во 2011-та година го претстави прототипот на електричниот „Boxster“.

„Porsche“ тогаш во јавноста прикажа две верзии, со погон на задните и со погон на сите четири тркала. „Boxster E“ со погон на задните тркала имаше електричен мотор кој произведуваше 122 ks, додека другата верзија имаше два електромотори, по еден на предната и на задната осовина. Ова верзија со своите 245 ks беше двојно помоќна.

Во тоа време во „Porsche“, како единствена препрека за влегување на еден таков автомобил во сериско производство, беше малата автономија на движење.

e porsche1

Три години подоцна, германскиот магазин „Auto Motor und Sport“ објави разговор со извршниот директор на компанијата, Матијас Милер, во кој тој се навраќа на оваа тема.

„Целта ни е да конструираме електричен спортски автомобил кој ќе има радиус на движење од најмалку 300 km со едно полнење на батеријата, а би посакувале неговиот домет да ги надмине посакуваните 400 km“, вели Милер.

Тој рече дека во „Porsche“ засега не размислуваат за модел со т.н. „продолжен радиус на движење“ кој покрај електричниот би имал и мал бензински мотор за дополнување на батеријата.

Милер во разговорот напомена дека во компанијата сериозно размислуваат за сериско производство на моделот со електричен погон.

Најновите вести од „Porsсhe“ пристигнуваат по неодамнешната најава на „Audi“ дека сепак ќе понудат на пазарот електричен спортски модел, „R8 e-tron“ чија автономија во возењето ќе изнесува околу 400 km.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП