17 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИBelgacom планира да ги намали трошоците за вработените

Belgacom планира да ги намали трошоците за вработените

Belgacom

Најголемата белгиска телекомуникациска компанија „Belgacom“, која во голема мера е во сопственост на државата, има намера во рамките на планот за штедење да ги намали средствата за вработените.

Во „Belgacom“ во моментов работат 15.000 вработени, а управата на компанијата сега планира да ги намали трошоците кои се издвојуваат за вработените не прецизирајќи дали ќе постојат отпуштања, пренесуваат белгиските медиуми.

Уделот кој се издвојува за вработените во прометот на компанијата претставува 33 проценти.

„Во телекомуникациските компании во околните земји уделот на трошоци во прометот на компаниите не преминува 24 проценти“, се наведува во соопштението.

„Ние сме свесни дека ќе успееме да ја достигнеме таа бројка за неколку години, што претставува хендикеп за компанијата. Ќе мора со сидикатите да се обидеме да најдеме решение како да ги намалиме тие трошоци“, се додава во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП