27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕВН загрижена за својот бизнис во Бугарија

ЕВН загрижена за својот бизнис во Бугарија

evn bugaria

Австрискиот енергетски доставувач се соочува со денови на неизвесност, откако бугарскиот министер за енергетика побара од ќерката компанија на ЕВН во земјата да и исплати до утре 60 милиони евра на државната енергетска компанија НЕК, а во спротивно лиценцата на ЕВН во оваа земја и ќе биде одземена, менаџерскиот тим ќе биде протеран, а самата компанија ќе згасне, пишува австрискиот весник „Курур“.

Весникот нагласува дека министерот за енергетика Драгомир Стојнев изјавил оти дека ЕВН на НЕК и должи милиони. – Австријците одлучно го оспоруваат ова, одбиваат да ги исплатат парите и се во исчекување дали Владата во Софија ќе се осуди да пристапи кон национализација, посочува „Курир“.

– Економската причина на конфликтот е лесна за објаснување: Бугарија воведе во 2012 година финансиска помош за еколошките извори на енергија, кои доставувачите на струја треба претходно да ги финансираат. Затоа ЕВН Бугарија, како и другите двајца доставувачи на струја во земјата, чешкиот ЧЕЗ и Енерго-про им исплатија финансиска помош на соларните паркови и парковите со ветерници, управувани претежно од приватни бизнисмени.

– Владата вети дека НЕК ќе ги рефундира тие средства. Но парите од НЕК не дојдоа. Како резултат на тоа ЕВН Бугарија го стопираше плаќањето кон НЕК и се обрати кон арбитражен суд во Вашингтон, додава весникот.

Според портпаролот на НЕК Штефан Цах во меѓувреме во спорот со НЕК станува збор за вкупно 120 милиони евра, кои НЕК и ги должи на ЕВН. Во случај на одземање на лиценцата арбитражниот суд ќе треба да го разгледа и обесштетувањето на ЕВН. Тогаш тоа би можело скапо да ја чини Бугарија. Во 2005 година ЕВН го купи бугарскиот доставувач за 270 милионин евра и оттогаш инвестираше 600 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП