1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува 40. Меѓународен саем за мебел

Почнува 40. Меѓународен саем за мебел

saemZaMebel

– На Скопскиот саем денеска почнува 40. јубилејно издание на Меѓународниот саем за мебел. Најавено е учество на 180 домашни и странски компании, 430 претставници на брендови, кои своите производи ќе ги претстават во шесте саемски хали и три помошни. Саемот официјално ќе го отвори министерот за економија Ваљон Сарачини.

Од Скопски саем посочуваат дека има раст од 20 проценти на домашни производители и оти ова е саем со рекорден број учесници и рекорден број посетители. Покрај од Македонија, учествуваат компании од Италија, Словенија, Хрватска, Србија и Турција.

Саемот ќе понуди интересни и оригинални ентериерни уредувања кои покрај мебел за домот, го трасираат трендот за модерни кујни, елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, за канцелариски мебел, но и за уредување градини, а ќе понуди и најнови технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за преработка на дрва.

Во програмата е поместена и изложба насловена „Сјајност“ – Living smart on a Swedish way, на реномираната шведска авторка со српско потекло Александра Стратимировиќ.

Изложбата, која ќе биде отворена денеска, нуди увид во современиот шведски дизајн на расветни тела од пет водечки компании. Целта е да се развие сорботка меѓу македонски и шведски компании од оваа индустрија.

Ексклузивниот партнер на Саемот на Мебел 2014 е „Порше Македонија“ кој за посетителите ќе ја обезбеди главната награда – автомобил „Volkswagen up“. Идејата е да го искористат Саемот на мебел во отсуство на саем на автомобили и да и се приближат на публиката со организирање тест-возења на автомобилите чии застапници се во Македонија.

Во организација на Скопје дизајн вик пак, во рамки на саемската манифестација ќе се одржи работилница „Автентичен мебел-клуч за освојување нови пазари“ како и предавања за значењето на дизајнот, кој се смета за важен елемнт за зголемена конкурентност на компаниите. Целта е да се поврзат компаниите со дизајнерите.

Посетителите ќе може да ја посетат и изложбата на дрвени скулптури и уметнички слики на истакнатиот уметник Васе Урдин.

На манифестацијата традиционално ќе бидат доделени и награди за најдобрите производители и трговци на мебел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП