13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦукерберг во еден ден загубил 1.3 милијарди долари

Цукерберг во еден ден загубил 1.3 милијарди долари

luzer13

Мнозинскиот сопственик и извршен директор на „Фејсбук“, Марк Цукерберг во еден ден на берза остана без 1.3 милијарди долари, пренесува „Форбс“.

Цукерберг моментално е „најголемиот губитник“ меѓу милијардерите, а го следат Лери Пејџ, извршниот директор на „Гугл“ со изгубени 927 милиони долари и Џеф Безос (Амазон) со изгубени 736 милиони долари.

Сопственикот на „Фејсбук“ ја загуби оваа сума на пари поради тоа што акциите на неговата друштвена мрежа, вчера забележаа пад од 4.6 проценти на берзата „NASDAQ“.

Инаку, најголемиот профит (684 милиони долари) го оствари Амансио Ортега, мнозинскиот сопственик на „Индитекс“ во чија сопственост се познатите брендови „Зара“, „Страдивариус“, „Масимо Дути“ и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП